ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ – Јавното обвинителство отвори предмет
Обвинителството ќе преземе сите потребни дејствија за расветлување на случајот

Фото: Национал
Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас, врз основа на објавените медиумски информации за можни неправилности при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со трагичниот случај во Карпош, во кој загинаа мајка и ќерка по пад од балкон.
Според соопштението од Обвинителството, предметот е доставен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе спроведе проверки за да утврди дали во овој случај постојат елементи на кривично дело што се гони по службена должност.
Надлежното обвинителство ќе преземе сите потребни мерки за целосно расветлување на наводите и утврдување на фактите.
CATEGORIES Македонија


