ПО СКАНДАЛОТ СО ИПАРД, ПРЕМИЕРОТ ДЕЦИДЕН „Сѐ ќе се истражи и секој вклучен ќе одговара“
Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже.

Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата во Агенцијата за поддршка на земјоделството.
Тој изјави дека Европската комисија ја поздравила акцијата и дека побарал привремено стопирање на исплатите за да се утврдат можните злоупотреби. „Сѐ ќе се истражи и секој вклучен ќе одговара“, рече Мицкоски.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


