ПРАЗНИЧНАТА СКАРА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Еден напиток спасува од гадење и тежина
Мирисот на скара и чадот од жарот денес го преплавуваат регионот, а кај многумина тој празничен амбиент се претвора во вистинска здравствена неприлика.

Иако Први мај традиционално не поминува без скара, веселбата често завршува со стомачни тегоби – тежина во желудникот, металоиди, гадење, па дури и посериозни состојби како напад на жолчката или воспаление на панкреасот.
Мирисот на скара и чадот од жарот денес го преплавуваат регионот, а кај многумина тој празничен амбиент се претвора во вистинска здравствена неприлика. Комбинацијата од ражничи, плескавици, кромид, салати со мајонез и алкохол често знае да остави трага – особено кај оние со почувствителен дигестивен систем.
„Празничната трпеза е сериозен предизвик за телото – масна, тешка, зачинета храна во комбинација со алкохол е шок за органите за варење“, објаснува гастроентерологот д-р Илја Невзоров. „Подуеност, киселина, мачнина – сето тоа се предупредувачки знаци кои телото ги испраќа“.
Според него, ако почувствувате гадење уште додека јадете – веднаш престанете со оброкот.
Но, постои и брзо решение кое може да го ублажи непријатното чувство: топла кисела вода.
„Пијте ја нежно загреана, а не ладна од фрижидер. Промешајте ја малку пред да ја испиете. Таа помага да се намали желудочната киселина и го смирува дигестивниот тракт“, советува д-р Невзоров.
Тој предупредува и на една честа грешка – земањето сода бикарбона. Иако таа на прв поглед носи олеснување, може да предизвика дополнителни гасови и подригнување, што уште повеќе го иритира желудникот.
Во секој случај, умереноста останува најдобар лек. Првомајската скара може да биде уживање, но само ако не се претвори во здравствен проблем.


