„ПО ПАТОТ НА СОНЦЕТО“ NEXT TIME најавува голем концерт во Битола на 1 август 2025 година
“По патот на Сонцето” Концертен караван на еден од најпрепознатливите македонски бендови – NEXT TIME.

По низа успешни турнеи низ прекуокеанските земји, настапи низ Европа и незаборавни концерти во Македонија во 2023 и 2024 година, бендот NEXT TIME најавува голем концерт во Битола ова лето.
Локација: Ракометно игралиште, Битола
Датум: 1 август 2025 година
Специјален гостин: Слаткаристика
Публиката ќе има можност да ужива во моќните изведби на безвременските македонски песни како:
„Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на Пирина“, „Крушево абер пристигна“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Заветна“, како и најновиот хит „Океани“.
Овие песни, иако создадени пред децении, благодарение на музичката естетика, вкусот и длабоката љубов кон македонската традиција на NEXT TIME, денес звучат современо и инспиративно – како да се создадени вчера, а наменети за утре.
Концертот во Битола ветува да биде незаборавно доживување за сите генерации!
Билетите можете да ги набавите на следниот линк: https://mktickets.mk/event/next-time-bitola/


