ПО МОСКВА, ДИРЕКТНО ВО КИЕВ Виткоф и Кушнер пристигнаа во Украина

Специјалните пратеници на Трамп пристигнаа со воз од Полска, откако претходно се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

ПО МОСКВА, ДИРЕКТНО ВО КИЕВ Виткоф и Кушнер пристигнаа во Украина
Фото: Принтскрин

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигнаа во Киев, што претставува нивна прва посета на Украина од почетокот на целосната руска инвазија, објави украинската новинска агенција Укринформ.

Виткоф и Кушнер во украинската престолнина пристигнаа со воз од Полска. Нивниот авион рано утрово слетал на аеродромот во Жешов, по вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Посетата на американските претставници во Киев следува во рамки на дипломатските напори за постигнување решение за војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев очекува разговорите со американската страна да бидат што е можно поконструктивни и значајни.

CATEGORIES
Share This