ПО 14 МЕСЕЦИ БЕГСТВО – Груби подготвен да проговори за поранешни функционери
Претходно Али Ахмети се обидел да му обезбеди подобар терен, но владата на ВМРО-ДПМНЕ одбила.

Според неофиијални ин формации, поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна се врати во земјава по 14-месечно бегство, е во куќен притвор во рамки на истрагата за предмет поврзан со Државната лотарија. Според неделникот „Фокус“, тој подолг период се обидувал преку политички и други канали да обезбеди услови за враќање во државата.
Како што наведуваат извори блиски до него, по политичките промени во земјата, лидерот на Али Ахмети се обидел по политички пат да обезбеди подобра позиција за Груби во неговата правна битка, но владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тогаш наводно го одбила таквиот предлог.
Според истите извори, Груби тешко го поднесувал престојот надвор од државата и сакал да се врати кај семејството. Воедно се чувствувал и политички запоставен од раководството на ДУИ во Мала Речица, а бил и цел на закани. Поради тоа, тој наводно интензивно барал начин за враќање во земјата, што на крај резултирало со негово враќање под услови на куќен притвор.
Груби навестил дека е подготвен да проговори за настани и лица од поранешната власт. Дури се шпекулира, тој составил своја „црна листа“ со имиња на поранешни функционери, меѓу кои се пратеникот Блерим Беџети, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, поранешниот генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, како и бизнисменот Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев.


