ПЛАТА ОД БУЏЕТОТ А ТЕРА ПАРТИСКА АГЕНДА – Црвенковски во кафеани бистри политика наместо на работа во кабинет

Државните ресурси се користат за приватни политички цели - јавноста го следи секој потег“

ПЛАТА ОД БУЏЕТОТ А ТЕРА ПАРТИСКА АГЕНДА – Црвенковски во кафеани бистри политика наместо на работа во кабинет
Фото: Принтскрин

Денеска, поранешниот премиер и претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиранво друштво на владини функционери. На фотографијата, од лево кон десно, се наоѓаат: Горан Минчев, министер за администрација од редовите на ЗНАМ, кој во минатото беше генерален секретар на СДСМ во времето на Црвенковски и е во кумовски врски со него, Бранко Црвенковски, кумот и личниот шофер на Црвенковски и Зоран Попов, амбасадор на Македонија во Вашингтон, назначен од Стево Пендаровски.

Црвенковски е на платниот список на државата доживотно како поранешен претседател со плата во висина на платата што ја прима актуелниот претседател на Република Македонија како и останати привилегии платени од државата како што се кабинет, вработени, шофер, службено возило, обезбедување…. Но, наместо да спроведува активности во интерес на државата за што е платен од буџетот, Црвенковски како поранешен претседател си тера партиски средби по кафеани на државна сметка.

Иако Црвенковски неколку години го има замрзнато членството во СДСМ и подолг период не е политички активен, неговата присутност на повеќе места низ земјата во изминативе недели, особено околу локалните избори, отвора сомнежи за можноста за негово враќање на политичката сцена.

Да потсетиме, пред првиот круг на локалните избори, Црвенковски беше фотографиран во охридските кафеани со тогашниот кандидат и актуелен градоначалник, Кирил Пецаков. Пред вториот круг, се појави фотографија по кафеани од Кичево, која покажува дека Црвенковски лично бил вклучен во партиски активности. Со оваа третата фотографија во рок од три недели, Црвенковски е фотографиран во друштво на министер од Владата, што дополнително ги подгрева шпекулациите за неговото можно враќање во политиката.

CATEGORIES
TAGS
Share This