ПЛАТА БЕЗ РАБОТА И ОД ЗАТВОР Скандал што ја тресе Комунална хигиена

„На платниот список има луѓе кои не доаѓаат на работа, а некои дури се во затвор,“ тврди градоначалникот на Скопје

ПЛАТА БЕЗ РАБОТА И ОД ЗАТВОР Скандал што ја тресе Комунална хигиена
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни тврдења за неправилности во работењето на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според него, во ова градско претпријатие биле пријавени лица кои земале плата без да се појавуваат на работа, а меѓу нив имало и лица кои во моментот се на издржување затворска казна.

„На платниот список има луѓе кои не доаѓаат на работа, а некои од нив дури и не се на слобода. Станува збор за сериозна злоупотреба на јавни средства и систем кој мора итно да се прочисти,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека ќе побара целосна истрага од надлежните институции.

Тој порача дека јавните претпријатија треба да претставуваат пример за чесност и одговорност, а не место за партиски вработувања и фиктивни исплати.

„Граѓаните имаат право на транспарентност и отчетност. Ова прашање не смее да остане без одговор,“ додаде градоначалникот.

Од „Комунална хигиена“ засега не даваат официјален коментар во врска со изнесените обвинувања.

CATEGORIES
TAGS
Share This