ПЕТТИ ЛЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ – Евакуирани сите пријавени на Блискиот исток

Дежурниот СОС број и дипломатско-конзуларни контакти остануваат активни.

ПЕТТИ ЛЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ – Евакуирани сите пријавени на Блискиот исток
Фото: Национал

Заклучно со вчерашниот лет целосно е завршена евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот исток – информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Синоќа беше реализиран трет лет од Обединетите Арапски Емирати, кој воедно е петти организиран евакуациски лет за македонските државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток. Претходно беа спроведени летови и од Шарм ел Шеик и Ријад.

Според најавите, авионот полетал во 16:00 часот по локално време, а слета на Меѓународниот аеродром во Скопје во 20:10 часот. Пријавени  биле 147 патници, меѓу кои 119 македонски и 28 странски државјани.

Со овој лет, вкупниот број на евакуирани македонски граѓани ќе достигне 605.

Од Министерството информираат дека СОС телефонската линија и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва остануваат активни и достапни за сите граѓани кои имаат потреба од помош.

CATEGORIES
Share This