ПЕТ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ ВО ДРЖАВАТА – опасноста најголема кај село Николиќ и во Велешко

ПЕТ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ ВО ДРЖАВАТА – опасноста најголема кај село Николиќ и во Велешко

Пет пожари и понатаму се активни на територијата на Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај. Најзагрижувачка е состојбата кај селото Николиќ во општина Дојран, каде повеќе од една недела гори нискостеблеста шума.

Активни огнени жаришта се регистрирани и кај селото Горњани во општина Чучер Сандево, како и меѓу селата Џидимирци и Крушје во Велешко, во атарот на Македонски Брод (Црешево, Локвица, Крапа и Слатина), како и во населбата Три Багреми во Прилеп.

Во изминатото деноноќие се изгаснати вкупно 19 пожари, меѓу кои и на територијата на општините Гази Баба и Шуто Оризари, каде што гореле отпад, ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Интервенции имало и во Прилеп, Ресен, Охрид, Виница, Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Тетово и Гостивар.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, изјави дека најсериозен останува пожарот кај село Николиќ во Дојранско, кој е активен веќе осум дена, додека сериозни закани постојат и во околината на селото Локвица во Македонски Брод и кај велешкото село Крушје, каде пожарот се шири со потенцијал да прерасне во голема закана.

CATEGORIES
Share This