КРАЈОТ НА ВОЈНАТА Е ПОБЛИСКУ Западот да испраќа помалку оружје во Украина

Спорот околу воената поддршка за Украина се заострува во период кога судирите на фронтот продолжуваат, а прашањето за снабдувањето станува сè поклучно за идниот тек на војната.

КРАЈОТ НА ВОЈНАТА Е ПОБЛИСКУ Западот да испраќа помалку оружје во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека секое намалување на испораките на оружје од Западот кон Украина го приближува крајот на, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“. Тој нагласи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата со странската воена поддршка за Киев и „забележува одредени проблеми“ во тој процес.

„Што помалку ракети пристигнуваат од странство во Украина, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“ – изјави Песков.

Изјавата доаѓа откако САД објавија дека привремено го запираат снабдувањето со одредени типови оружје за Украина, поради загриженост за сопствените залихи на муниција.

Како реакција, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека секое одложување или прекин на воената поддршка од САД го охрабрува агресорот да ја продолжи војната. Во соопштението стои дека украинската страна побарала објаснување од американската амбасада во Киев и предупредила дека ваквите потези ги загрозуваат напорите за мир и одбрана.

Спорот околу воената поддршка за Украина се заострува во период кога судирите на фронтот продолжуваат, а прашањето за снабдувањето станува сè поклучно за идниот тек на војната.

CATEGORIES
Share This