ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ – Четврти квартал 2025 година

Во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државата во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 1.004 новоизградени станови (од инвеститор), што е за 159 повеќе од третиот квартал. Дополнително, во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на нови објекти кои наскоро ќе се појават на пазарот.
Највисока постигната цена на стан по метар квадратен во овој квартал била 182.404 денари, односно 246.171 евра за стан од 83 м² во општина Центар.
Продажби според вид на недвижности и локација. Најмногу продадени станови има во општина Аеродром – 304, додека најмногу продадени куќи во општина Битола – 91. Најмногу продаден деловен простор: општина Центар – 31. Најмногу продадено земјоделско земјиште и шуми: општина Куманово – 110. Најмногу продадено градежно земјиште: општина Ѓорче Петров – 43 додека продадени гаражи има 194.
Во периодот 1 октомври – 31 декември 2025 година се регистрирани вкупно 9.283 трансакции (купопродажби и закупи), што е за 964 повеќе отколку во третиот квартал.
Детали за купопродажби и закупи: Купопродажби: 6.230 (вклучува 5.084 продажби, 1.094 од инвеститор, 40 откупи од државата и 12 продажби на лицитација) – раст од 95 во однос на претходниот квартал. Закупи: 3.053 – зголемување за 869 во однос на третиот квартал. Продажбите сочинуваат 55% од трансакциите, закупите 33%, заедно 88% од пазарот.
Трансакции по месеци: Октомври имало 3.212 трансакции (најмногу закупи – 1.106; најмногу продажби од инвеститор – 416). Ноември имало 2.797 трансакции додека во декември се реализирале 3.274 трансакции (најмногу продажби – 1.863)
Трансакции по општини: Најмногу: Центар – 812, Аеродром – 645, Штип – 634, Карпош – 472, Битола – 415, Гази Баба – 410. Најмалку: Пласница – 4, Вевчани и Центар Жупа – 5, Арачиново и Градско – 7, Зрновци – 8, Конче, Лозово и Новаци – 9, Македонска Каменица – 10 додека 41 општина имала 0–50 трансакции, што покажува силна разлика меѓу развиените и нерегулираните пазари.
Закупи според вид на недвижности: Станови: 1.369, деловни простори: 911, куќи: 399 и земјоделско земјиште и шуми 257.
Најмногу закупи се регистрирани во октомври (1.106), по што следат декември (988) и ноември (959).
Цени на недвижности. Според Народната банка, во четвртиот квартал 2025 година недвижностите поскапеле за 25% на годишно ниво. Во третиот квартал 2025 година, растот бил 25,1%, во првиот 19,5% и во вториот 19,9%.
Градежни дозволи (ноември 2025). Издадени се 304 дозволи за градење (+16,9% во споредба со претходната година). Предвидена изградба на 761 стан: Скопски Регион – 427, Источен – 113, Југозападен – 82, Пелагониски – 79, Полошки – 38, Вардарски – 15, Југоисточен – 4 и Североисточен – 3


