ПАТАРИНАТА РАСТУРА – Во 2025 наплатени близу 70 милиони евра од патарини
До 23 декември остварен промет од над 4,15 милијарди денари, а воведувањето на М-ТАГ и пошироката мрежа за електронска наплата го забрзува сообраќајот и ја зголемува ефикасноста

Од почетокот на минатата година до 23 декември, наплатата на патарини оствари промет од 4.158.914.362 денари (околу 67,6 милиони евра).
„Според досегашните резултати, 2025 година се очекува да биде рекордна, бидејќи заклучно со 23.12 остварениот промет веќе ја надминува претходно рекордната 2024 година за над 71 милион денари, а декември сè уште не е завршен“, информира Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
Приходите од патарини покажуваат континуиран раст во последните години: во 2020 биле 34.029.562 евра, во 2021 – 46.401.122, во 2022 – 53.242.070, во 2023-– 62.077.966, а во 2024 – 66.463.963 евра.
ЈПДП информира дека е склучен договор со А1 Македонија и Македонски телеком за продажба и надополнување на уредите за електронска наплата на патарина (М-ТАГ), а интеграцијата на софтверите е во тек.
Во јуни, Собранието ги усвои измените на Законот за јавни патишта, со кои се овозможува воспоставување поширока малопродажна мрежа за електронските уреди М-карта и М-ТАГ, кои сега се достапни само во просториите на ЈПДП.
Искуствата од други држави покажуваат дека овие уреди го забрзуваат сообраќајот на наплатните станици, ја зголемуваат ефикасноста и безбедноста, намалуваат злоупотреби и ја зголемуваат задоволството на корисниците.


