ПАРТИЗАН ЗАГУБИ ОД ЖАЛГИРИС СО 41 РАЗЛИКА – По натпреварот Паркер и тренерот се судриле во соблекувалната

аркер, доведен како големо засилување, засега разочарува на теренот и надвор од него

ПАРТИЗАН ЗАГУБИ ОД ЖАЛГИРИС СО 41 РАЗЛИКА – По натпреварот Паркер и тренерот се судриле во соблекувалната
Фото: Принтскрин

Партизан доживеа тежок пораз во Евролигата. Белградскиот клуб загуби од литванскиот Каунас Жалгирис со 109:68, а проблемите во Партизан не престануваат.

Според литванскиот „Баскетњуз“, по натпреварот во соблекувалната наводно избувнала жестока расправија меѓу Џабари Паркер и привремениот тренер Мирко Оцокољиќ. Американецот прво мирно стоел пред вратата, но потоа започнал вербален конфликт со тренерот.

Се уште не е јасно какви ќе бидат последиците за Паркeр, кој беше доведен како големо засилување, но засега разочарува и на теренот и надвор од него.

Следниот натпревар на Партизан е против Крка во понеделник, а потоа го пречекуваат Макаби во Евролигата. Големото прашање останува: дали поранешниот играч на Барселона ќе биде дел од составот.

CATEGORIES
Share This