ПАРИТЕ СТИГНУВААТ НА СМЕТКИТЕ Започна исплатата преку „Мој ДДВ“, проверете дали и вам ви легна повратот

Април, мај и јуни се опфатени со вториот пресметковен период, а целосната исплата за сите граѓани треба да заврши најдоцна до 31 август.

ПАРИТЕ СТИГНУВААТ НА СМЕТКИТЕ Започна исплатата преку „Мој ДДВ“, проверете дали и вам ви легна повратот
Фото: Принтскрин

Започна исплатата на повратот на ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“ за вториот пресметковен период, кој ги опфаќа месеците април, мај и јуни.

Средствата веќе се уплаќаат на трансакциските сметки на граѓаните кои во овој период редовно ги скенирале своите фискални сметки.

Од Управата за јавни приходи и Министерството за финансии информираат дека исплатата се реализира согласно законските рокови, а целиот процес треба да биде завршен најдоцна до 31 август.

Граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ можат да ги проверат своите трансакциски сметки и да утврдат дали повратот на ДДВ веќе им е исплатен.

CATEGORIES
Share This