ПАРИТЕ СИ ГО ПРАВАТ СВОЕТО – Ал Хилал пред ангажман на Дарвин Нуњез

ПАРИТЕ СИ ГО ПРАВАТ СВОЕТО – Ал Хилал пред ангажман на Дарвин Нуњез

Саудискиот фудбалски гигант Ал Хилал започна финална офанзива за доведување на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез. 26-годишниот репрезентативец на Уругвај, кој настапува за Ливерпул, и претходно беше цел на клубови од Саудиска Арабија — во јануари интерес за него покажа Ал Наср, но тогаш трансферот пропадна.

Во јуни, Ал Хилал стапи во контакт со Ливерпул и доби информации за евентуалните услови на договорот. Сега, откако напаѓачите Виктор Осимхен се пресели во Галатасарај, а Александар Исак и Бенџамин Шешко ја отфрлија можноста за премин во Саудиска Арабија, Ал Хилал ги насочува сите сили кон Нуњез.

Според извори блиски до клубот, активирани се внатрешни механизми за забрзување на преговорите, иако формална понуда до Ливерпул сè уште не е испратена. Сепак, подготовките за трансферот се во тек, а Нуњез, наводно, не е затворен за можноста да ја прифати понудата, особено доколку разговорите меѓу двата клуба добијат позитивна насока.

Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, смета дека Нуњез е идеално засилување за офанзивната линија и потенцијално клучен играч во новиот проект на клубот.

CATEGORIES
Share This