ПАЛЕВСКИ ГО ОТФРЛА ОБВИНЕНИЕТО Сведоци под притисок, манипулации со докази и селективна постапка на обвинителството

Палевски тврди дека во критичната вечер тој полнел гориво на бениската пумпа на “Макпетрол” кај Ист Гејт и оти платил со неговата кредитна картичка.

ПАЛЕВСКИ ГО ОТФРЛА ОБВИНЕНИЕТО Сведоци под притисок, манипулации со докази и селективна постапка на обвинителството

На денешното рочиште, обвинетиот Љубчо Палевски изнесе сериозни обвинувања кон обвинителството, тврдејќи дека се вршел притисок врз сведоци и дека доказите во предметот биле манипулирани. Тој особено се осврна на сведочењето на Ерол Османи, кој тврдел дека Палевски му го поправал котелот на 28 ноември 2023 година – тврдење што Палевски категорично го негира, наведувајќи дека тоа се случило на 22 ноември.

Палевски истакна дека на 28 ноември, кога според Османи се случил ремонтот, тој не можел физички да биде присутен во Бутел, бидејќи во исто време бил ангажиран во живо гостување во подкаст. Како доказ за тоа, Палевски се повика на вештачењето на својот телефон извршено на 18 јули 2024 година, каде, како што рече, се гледа дека на спорниот датум добивал повеќе пораки преку апликацијата Телеграм од извесен Зоран Китевски од Битола, со кој договарале детали за подкастот што започнал во 22 часот и траел до 23:33 часот.

Дополнително, Палевски пред судот прочита и други пораки примени токму за време на емитувањето на подкастот, обидувајќи се да покаже дека Османи дал лажно сведочење. Обвинетиот додаде дека Обвинителството направило пропуст што прво го сослушало Османи, а дури потоа го вештачело неговиот телефон.

„Ова покажува дека Османи не ја кажува вистината и дека е лажен сведок“ – рече Палевски.

Во однос на Панче Жежовски, Палевски тврдеше дека никогаш не го запознал и дека за него дознал само преку судските списи. Тој исто така ги негираше тврдењата на сведокот Велибор Манев, според кои Жежовски и Манев имале конфликт поради незавршена работа со бекатон плочки. Палевски изјави дека нивниот судир бил подлабок и долготраен, поткрепен со документи најдени во куќата на Жежовски – вклучувајќи кривични пријави, поплаки до Советот на јавни обвинители и претставки во МВР против Манев, кој, според Жежовски, бил под заштита на Јавното обвинителство во Велес.

Во своето излагање, Палевски остро реагираше и на видео доказот што го презентираше обвинителството, а кој потекнува од куќата на Манев. Според него, видеото е монтажа составена од повеќе настани со манипулација на временските ознаки.

„На нив нема WD 40, нема цирада, нема телефон Хонор. Обвинителството сака оваа снимка да стане доказ само врз основа на исказ на двајца обвинети“ – изјави Палевски пред судот.

Тој посочи дека видеото било вештачено во август 2024 година, иако било предадено осум месеци претходно, што според него остава простор за манипулации.

„Не е проблемот што им требале осум месеци да го вештачат видеото, туку тоа што го приложуваат само две недели пред почетокот на главната расправа“, изјави Палевски, прашувајќи зошто обвинителството чекало повеќе од дваесет рочишта за да го достави доказот.

Палевски тврди дека во критичната вечер тој полнел гориво на бениската пумпа на “Макпетрол” кај Ист Гејт и оти платил со неговата кредитна картичка.

Исто така, Палевски изрази изненадување од обвинетиот Кешишев, кој, според него, ги прислушкувал сите негови телефонски разговори.

„Кешишев живееше во кујната и таму работеше. Имавме и оперативна канцеларија за состаноци. Таму ја пишував кривична за Зоран Зоран и Оливер Спасовски за продажба на Чебрен и Галишта пишувана на 22.11 2023 токму во таа канцеларија. Живеел на гориниот спрат каде имав сцена за поткасти. Кешишев ги прислушкувал сите мои разговори што ме изненади. Мојот разговор со брат ми дека сакам нешто да градам во месноста “Дупки”. Брат ми инсистираше да градам мала викендица на плац кој е негова сопственост за да си бидеме близу“  – објасни Палевски.

Тој праша како е можно неговата мајка да вртела на бројот на Вања и од каде таа би го знаела бројот на девојчето.

„Целта не беше да се компромитирам јас туку и мојата мајка и да се посочи како соучесник“.

CATEGORIES
Share This