ПАДОТ Е ПРЕД ВРАТА Германски медиуми тврдат: Константиновка е на работ на колапс“ или
Германски медиуми пишуваат дека руските сили го зголемуваат притисокот врз стратешки важниот град, додека Москва тврди дека напредува на фронтот.

Ослободувањето на Константиновка во Донецката Народна Република (ДНР) од страна на руските сили е неизбежно, тврди германскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“, повикувајќи се на проценки на воени набљудувачи.
Според написот, градот кој е дел од украинскиот одбранбен појас на истокот на земјата се соочува со сè поголем притисок. Руските единици, според наводите, преземаат контрола над нови делови од Константиновка, а на социјалните мрежи се појавиле снимки на кои се гледаат знамиња поставени од руски војници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на едно деноноќие нивните сили презеле контрола над 26 објекти во градот, при што, според нивните тврдења, биле нанесени загуби на украинските сили. Во операциите учествувала артилеријата на 6-та моторизирана стрелачка дивизија од групата „Југ“, која, како што наведуваат руските власти, погодила позиции на украинските сили во областа.
Константиновка се наоѓа во северниот дел на ДНР, околу 55 километри од Донецк, и има големо стратешко значење поради железничката инфраструктура и улогата во снабдувањето на украинските позиции во поширокиот регион Краматорск-Славјанск.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека руските сили го зголемуваат притисокот долж целата линија на фронтот и дека се приближуваат кон преземање контрола над градот.


