ПАДНА МИЛИОНСКА ШЕМА – Уапсен конзулот на Белорусија во Македонија

Според неофицијални информации, тој се сомничи за местење тендер вреден околу 100 милиони денари, со што државниот буџет бил оштетен за приближно 1,6 милиони евра.

ПАДНА МИЛИОНСКА ШЕМА – Уапсен конзулот на Белорусија во Македонија
Фото: Принтскрин

Финансиската полиција го приведе Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола и почесен конзул на Белорусија во Македонија. Според неофицијални информации, тој се сомничи за местење тендер вреден околу 100 милиони денари, со што државниот буџет бил оштетен за приближно 1,6 милиони евра.

Во рамки на истата акција биле уапсени и поранешни директори на енергетскиот комбинат РЕК „Битола“.

Компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“ е добро позната по милионските договори со најголемиот енергетски капацитет во државата – РЕК „Битола“.

Од АД ЕСМ вчера излегоа со соопштение во кое нагласија дека ниту еден член од сегашното раководство на РЕК „Битола“ не е приведен ниту е опфатен со постапката.

Приведените се дел од поранешното раководство, а предметот се однесува на одлуки и дејствија од минатиот период. Ја поддржуваме целосната истрага и ги охрабруваме институциите во расветлувањето на случајо“ – се вели во реакцијата од ЕСМ.

CATEGORIES
TAGS
Share This