ОВА СЕ ЛУЃЕТО ОД 42-МИНУТНАТА АКЦИЈА ЗА АПСЕЊЕ НА МАДУРО – Трамп се сликаше со оперативците

Специјалните сили тренирале во објект што точно ја реплицира претседателската резиденција на Мадуро.

ОВА СЕ ЛУЃЕТО ОД 42-МИНУТНАТА АКЦИЈА ЗА АПСЕЊЕ НА МАДУРО – Трамп се сликаше со оперативците
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија со припадниците на специјалните сили кои учествуваа во операцијата за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Според Трамп, операцијата „Апсолутна решителност“ траела 42 минути – од неутрализирањето на системите за воздушна одбрана и силните радио-електронски пречки, до заробувањето на Мадуро и повлекувањето на американските сили од Венецуела.

Нападите ги следел масовен кибернапад кој го парализирал електричниот систем на земјата, прекинувајќи ја струјата во клучните воени бази.

Американските специјалци ги подготвувале операциите со месеци, вежбајќи во специјален објект кој точно го реплицира распоредот на претседателската резиденција на Мадуро.

CATEGORIES
TAGS
Share This