ОТСТРАНУВАЊЕТО НА СРПСКИТЕ НАДГРОБНИ СПОМЕНИЦИ ЗАПОЧНУВА Хрватскиот парламент ја донесе новата законска регулатива
Oвој закон предизвика контроверзи, со некои критики од противниците кои го сметаат за контрапродуктивен и потенцијално да предизвика нови политички и етнички тензи.

Хрватскиот парламент, пред да замине на пролетен распуст, го усвои Законот за гробишта, кој налага отстранување на надгробните споменици поставени по 30 мај 1990 година, чиј натпис, според новото законодавство, “ја велича агресорската армија” и ги навредува националните чувства на Хрватите.
Законот беше усвоен во текот на синоќешната седница на Собранието и, по неговото стапување во сила, сите гробници чиј натпис “навредува верските, моралните и националните чувства на Хрватите” ќе мора да бидат отстранети.
Иницијативата за воведување на новиот закон беше покрената од Стипо Млинариќ, претставник на Движењето Татковина, коалиционен партнер на ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ. Според Млинариќ, секој споменик со несоодветна содржина ќе биде отстранет, а тоа се однесува на споменици со натписи како “на српска земја” или “умрел за српска Краина.”
Со новиот закон, сопствениците на гробни места ќе имаат рок од 30 дена да го отстранат споменикот, во спротивно ќе бидат казнети со глоба од 1.000 до 5.000 евра. Споменикот може да биде отстранет и од трето лице, но трошоците ќе мора да ги покрие сопственикот на гробното место.
Oвој закон предизвика контроверзи, со некои критики од противниците кои го сметаат за контрапродуктивен и потенцијално да предизвика нови политички и етнички тензи.


