ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ НА МИНХЕНСКИОТ АЕРОДРОМ ПОРАДИ ДРОНОВИ – Илјадници патници заглавени

Вкупно 17 полетувања не се реализираа, што погоди околу 3.000 патници, додека 15 слетувања беа пренасочени кон други аеродроми во Германија и Австрија.

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ НА МИНХЕНСКИОТ АЕРОДРОМ ПОРАДИ ДРОНОВИ – Илјадници патници заглавени

Неколку летови на аеродромот во Минхен беа откажани синоќа (2 октомври) откако беа забележани дронови над и околу аеродромскиот простор.

Од безбедносни причини пистите беа затворени, а според аеродромските власти приоритет е заштитата на патниците. Вкупно 17 полетувања не се реализираа, што погоди околу 3.000 патници, додека 15 слетувања беа пренасочени кон други аеродроми во Германија и Австрија.

Иако полицијата и државните служби спроведоа претрага со хеликоптер, дронови или сомнителни лица не беа пронајдени.

Инцидентот се случува во период на зголемена европска готовност поради зачестени случаи на дронови во близина на критична инфраструктура и аеродроми.

CATEGORIES
Share This