ОТКАЗ ЗА РУБЕН АМОРИМ – Ја загуби довербата по јавната расправија

Аморим истакна дека не е единствено тој виновен за лошите резултати на Јунајтед

ОТКАЗ ЗА РУБЕН АМОРИМ – Ја загуби довербата по јавната расправија
Фото: Принтскрин

Португалскиот фудбалски тренер Рубен Аморим од денеска е ослободен од должност.

Одлуката за отказ доаѓа по последната јавна расправија и несогласувањата со челниците на Манчестер Јунајтед, по вчерашното реми со Лидс (1:1) во Премиер лигата.

Денешниот состанок во клубот, свикан од Џек Вилкокс и Омар Берада, имаше една цел: да се разгледа работата на Аморим и неговиот однос на синоќешната прес-конференција по натпреварот.

Аморим вчеравечер јавно изјави дека во Манчестер Јунајтед е ангажиран како менаџер, а не само како фудбалски тренер, и дека не е единствено тој виновен за серијата лоши резултати на клубот од „Олд Трафорд“.

Легендата на Јунајтед, Дарен Флечер, привремено ќе го замени Аморим додека клубот бара нов тренер за Португалецот.

CATEGORIES
Share This