МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОПОВА ШАПКА – Ќе стане врвен туристички центар

Планирано е проширување на скијачките патеки и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОПОВА ШАПКА – Ќе стане врвен туристички центар
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата води преговори со инвеститори за развој на туристичкиот центар „Попова Шапка“, со цел центарот да се позиционира како еден од најголемите и најмодерни во Европа.

„На вистинскиот пат сме. Не можам да кажам дека сите детали се веќе финализирани, но имаме сериозен инвеститор и сум оптимист дека ќе ја постигнеме целта – Попова Шапка да стане најубав туристички центар во регионот“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека се планираат значителни инвестиции и се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку што имаат многу големи алпски центри.

Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која ќе овозможи функционирање на центарот цела година, а не само во зимската сезона.

„Од меѓународниот аеродром, за 45 минути ќе може да се стигне директно до пистата со скијачки чизми. Се работи за нова траса на жичарницата, а деталите ќе ги соопштиме подоцна, додаде Мицкоски.

Според неофицијални информации инвеститорот за кој зборува премиерот е од Катар, што е различно од претходните најави за италијанската компанија „Алпин“, промовирана од минатата влада.

CATEGORIES
TAGS
Share This