ОСТРА ОСУДА ОД ФИЦО – И Брисел да ги осуди заканите на Зеленски кон Орбан
Зеленски му се закани на Орбан поради блокираниот заем за Украина.

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Владимир Зеленски ги преминал црвените линии со заканите кон унгарскиот премиер Виктор Орбан и повика Европската Унија да се дистанцира од овие изјави.
„Официјално ги повикувам сите високи функционери на ЕУ – претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и министерката за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас да се дистанцираат од овие скандалозни, уценувачки изјави на Зеленски. Тој ги премина сите црвени линии“, изјави Фицо во видео коментар на социјалните мрежи.
Заканите доаѓаат по неодамнешниот потег на Зеленски, кој во четврток му се закани на Орбан со средба со украински војници, откако Унгарија го блокирала новиот заем од ЕУ за Украина.
Од унгарска страна тврдат дека Киев ја блокира испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба од 27 јануари поради политички причини, иако гасоводот е поправен. Поради тоа, Унгарија престанала да испорачува дизел гориво за Украина и не дозволила воениот заем од 90 милијарди евра да биде одобрен за Киев.


