ЏОШУА НЕ ГО УБИ ВО РИНГОТ ЏЕЈК ПОЛ – Му ја скрши вилицата
Пол се опоравува и благодарен е за поддршката

Американскиот блогер Џејк Пол е хоспитализиран со скршена и повредена вилица по боксерската борба со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа.
„Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум“, објави Пол на социјалните мрежи.
Џошуа го нокаутираше Пол во шестата рунда од дуелот кој се одржа ноќеска во Мајами.
„Пол имаше тежок период во рингот, но постојано стануваше и продолжуваше да се бори. Само вистински мажи можат да го прават тоа“, изјави Џошуа по завршувањето на борбата.
Дваесет и осумгодишниот Пол сега има биланс од 12 победи и 2 порази, додека 36-годишниот Британец и олимписки шампион Џошуа го подобри својот биланс на 29 победи и 4 порази.
Да потсетиме, Национал пишуваше за предупредувањето на украинскиот шампион во тешка категорија, Александар Усик, дека исходот од мечот може да биде опасен по животот за американскиот блогер Џејк Пол. Но, се помина само со скршена вилица.
УСИК СЕ МОЛИ ЗА ЏЕЈК ПОЛ ПРЕД БОРБАТА СО ЏОШУА – Може да го убие


