ОРБАН ПРЕДУПРЕДУВА Распад на Иран ќе предизвика глобален хаос
Орбан не го поштеди ниту Брисел, обвинувајќи ја Европската унија за „еклатантна измама“ во однос на руските енергетски ресурси. Според него, новата трговска политика на ЕУ, која се донесува без едногласност, претставува закана за унгарските интереси.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати сериозно предупредување во врска со можните глобални последици од ескалацијата на конфликтот во Блискиот Исток, предупредувајќи дека евентуален распад на Иран би довел до хаос во регионот.
Во интервју за унгарското јавно радио, Орбан истакна дека таквото сценарио може да доведе до целосна дестабилизација и неконтролирана состојба на Блискиот Исток, што, според него, ќе има сериозни и долгорочни последици на глобално ниво.
„Цената на нафтата од типот ‘брент’ веќе порасна за 20 отсто во последниот месец. Војната ги зголемува цените и затоа е лоша за Унгарците,“ порача Орбан.
Тој додаде дека енергетската безбедност на Унгарија е под директна закана, особено ако земјата биде принудена да прекине со увоз на руски гас. Во таков случај, според него, цените на комуналните услуги би можеле да се зголемат до два и пол пати.
Орбан не го поштеди ниту Брисел, обвинувајќи ја Европската унија за „еклатантна измама“ во однос на руските енергетски ресурси. Според него, новата трговска политика на ЕУ, која се донесува без едногласност, претставува закана за унгарските интереси.
„Ако ја елиминираат патриотската десница, тоа ќе значи крај на унгарската државност каква што ја познаваме. Надворешната и економската политика ќе се пренесе во рацете на бирократите во Брисел, наместо да остане во Будимпешта,“ заклучи Орбан.


