ОРБАН НАЈАВИ ДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Трамп и Путин сè поблиску до средба

Иако конкретни детали за можната средба сè уште не се познати, дипломатските извори во Будимпешта укажуваат дека Унгарија настојува да ја позиционира својата престолнина како место за дијалог и посредување во актуелните геополитички тензии.

ОРБАН НАЈАВИ ДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Трамп и Путин сè поблиску до средба

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, соопшти дека подготвителните разговори за најавениот самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин продолжуваат, иако точниот датум на средбата сè уште не е утврден.

„Самитот ќе се одржи кога ќе дојде време“, изјави Орбан, коментирајќи ја актуелната дипломатска активност околу потенцијалниот состанок кој се смета за клучен во напорите за пронаоѓање решение за војната во Украина.

Орбан информираше дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто моментално престојува во Вашингтон, каде што продолжуваат разговорите со американски претставници во насока на создавање услови за одржување на самитот.

Претходните најави предвидуваа средбата меѓу Трамп и Путин да се одржи во Будимпешта, каде што требаше да се разговара за можноста за прекин на огнот и за иднината на мировниот процес. Сепак, плановите беа одложени откако Москва го одби предлогот за итен прекин на воените дејствија.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп претходно изјави дека „не сака залудна средба“ со Путин, но навести дека би можеле да следат нови случувања во блиска иднина, додавајќи дека „јавноста ќе биде информирана во следните два дена“.

CATEGORIES
Share This