ЃОРЃИЕВСКИ НАЈАВУВА КРАЈ НА НЕЛЕГАЛНИОТ ПРЕВОЗ Град Скопје стартува акција против хаосот со „диви“ превозници
Мерките вклучуваат одземање на нелегалните возила на шест месеци и изрекување парични казни.

Инспекторатот на Град Скопје започна голема акција против нелегалниот превоз, со цел да стави крај на долгогодишниот хаос со нерегистрирани такси возила, комбиња и автобуси. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека акцијата е испорачување на предизборното ветување за отстранување на дивите превозници.
Мерките вклучуваат одземање на нелегалните возила на шест месеци и изрекување парични казни. Целта е воспоставување фер и безбеден систем во јавниот превоз.
CATEGORIES Македонија


