ОКОЛУ 9.000 БОЛНИ И НЕМОЌНИ ЌЕ ГЛАСААТ ОД ДОМА Затворен Домот „Арија“и осум лица нема да гласаат
Покрај ова, ДИК денес акредитираше и дополнителни набљудувачи - 9 од ЦИВИЛ, 24 од Советот на Европа и 2 од Wake Up, со што вкупниот број на акредитирани набљудувачи достигна 1.340, од кои 699 се домашни, 639 меѓународни, како и двајца странски новинари.

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) беа разгледувани приговори од граѓани кои не успеале да остварат лично избирачко право или чии барања за гласање во домашни услови биле одбиени. Дел од приговорите беа прифатени, а лицата чии имиња не фигурираат во веќе заклучениот Избирачки список, на денот на гласањето ќе треба да го приложат решението издадено од ДИК.
Вкупно околу 9.000 болни и немоќни граѓани поднеле барање за гласање во домашни услови. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, посочи дека рокот за поднесување приговори заврши синоќа на полноќ и нови нема да се разгледуваат.
Покрај ова, ДИК денес акредитираше и дополнителни набљудувачи – 9 од ЦИВИЛ, 24 од Советот на Европа и 2 од Wake Up, со што вкупниот број на акредитирани набљудувачи достигна 1.340, од кои 699 се домашни, 639 меѓународни, како и двајца странски новинари.
Кондарко информираше и дека осум лица од Домот за стари лица „Арија“ нема да можат да гласаат, затоа што установата е затворена согласно дописот доставен од Министерството за социјална политика, демографија и млади.


