Оклахома Сити доминантна во првото финале на Западот – Шеј Гилџес-Александер блеска со 31 поен

Оклахома Сити доминантна во првото финале на Западот – Шеј Гилџес-Александер блеска со 31 поен

Оклахома Сити Тандер ја оправда улогата на фаворит во НБА плејофот, откако со убедливи 114:88 ја совлада Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција, поведувајќи со 1-0 во серијата.

Шеј Гилџес-Александер (ШГА), главен кандидат за МВП наградата, одигра фантастичен меч со 31 поен, 5 скока и 9 асистенции. Џејлен Вилијамс додаде 19 поени, 8 скока и 5 асистенции, додека Чет Холмгрен и Ајзеа Хартенштајн постигнаа 14, односно 12 поени.

Кај Минесота, Џулиус Рендл беше најефикасен со 28 поени и 8 скока, додека Ентони Едвардс реализираше 18 поени, 9 скока и 3 асистенции.

По мечот, поранешниот тренер на Денвер, Мајк Мелоун, изјави:

„Се виде зошто Шеј Гилџес-Александер е МВП“,
иако до неодамна агитираше токму за Никола Јокиќ, за кого тврдеше дека заслужува „10 од 10 МВП награди“.

CATEGORIES
Share This