ОХРИС И СТРУГА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕА Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени

Инаку, истиот регион и вчера изутрина беше погоден од серија потреси. Најсилниот од нив се случи во 04:34 часот и беше почувствуван со интензитет од V степени.

ОХРИС И СТРУГА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕА Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени
Фото: Принтскрин

По вчерашната серија потреси, синоќа по полноќ е регистриран нов земјотрес во охридско-струшкиот регион.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со локална Рихтерова магнитуда од 2,5 степени се случил во 00:48 часот, со епицентар во подрачјето меѓу Пештани, Охрид и Струга, на околу 102 километри југозападно од главниот град.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Охрид, Струга и околните места, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Инаку, истиот регион и вчера изутрина беше погоден од серија потреси. Најсилниот од нив се случи во 04:34 часот и беше почувствуван со интензитет од V степени.

Нема пријавени материјални штети, но потресите предизвикаа вознемиреност кај жителите од овој дел на државата. Сеизмолошките служби продолжуваат со внимателно следење на сеизмичката активност во регионот.

CATEGORIES
Share This