ОГРОМЕН СКАНДАЛ ВО БУДИМПЕШТА – Странски шпиони го прислушкувале телефонот на унгарскиот министер
Странски разузнавачки служби и новинар со врски со опозицијата во центарот на скандалот

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја осуди како „огромен скандал и сериозно мешање во изборите“ информацијата дека странски разузнавачки агенти, со помош на унгарски новинар, го прислушувале неговиот телефон, пренесува MTI.
На прес-конференција во Шарвар, Сијарто истакна дека инцидентот претставува „напад врз суверенитетот на Унгарија“ и дека ги преминува сите граници, бидејќи новинарот соработувал со странски разузнавачки служби и имал врски со најблиските кругови на опозициската партија Тиса.
„Секој што мислеше дека странски тајни служби не се вмешуваат во изборната кампања во Унгарија, сега има доказ за тоа“, изјави Сијарто, според унгарскиот весник Nemzet.
Министерот нагласи дека е на функцијата повеќе од 11 години и дека често се консултирал со странски колеги. Тој подвлече дека прислушувањето претставува директно мешање во унгарската изборна кампања.
Сијарто додаде дека на состаноците на Европскиот совет за надворешна политика „не се разменуваат големи тајни“ и дека дипломатската практика отсекогаш вклучувала консултации со важни меѓународни партнери, вклучувајќи Русија, Турција, Израел и САД.
„На состаноците на Советот на министри за надворешни работи се носат многу одлуки што влијаат на односите на Унгарија со земји што не се членки на Европската Унија. Земји со кои соработката е клучна за Унгарија и економски, безбедносно, политички или во енергетската област и мора да бидат консултирани“, рече тој.
Министерот истакна дека Русија е важен партнер за Унгарија, особено во снабдувањето со енергија, и дека редовно се консултира со Турција, Израел и САД кога се разгледуваат прашања од значење за унгарско-американската соработка.
„Се консултирам со сите наши важни партнери кога на Советот се појавуваат важни прашања што влијаат на нашите односи“, заклучи Сијарто.


