ОДРОН НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по една лента

На истото место се случиле и две сообраќајни несреќи со материјална штета, без повредени лица.

ОДРОН НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по една лента
Фото: Архива

Одрон ја зафати левата коловозна лента на автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот, пред тунелите кај Башино Село, поради што сообраќајот се одвива по десната лента, информира АМСМ.

На истото место се случиле и две сообраќајни несреќи со материјална штета, без повредени лица. На терен е испратена екипа од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Велес.

Во останатиот дел од државата, сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензитет. На граничните премини нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината и да внимаваат на можни одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This