ОДЛУКАТА Е СЕПАК НА УКРАИНА И ЕВРОПЕЈЦИТЕ – Трамп по состанокот со Путин

ОДЛУКАТА Е СЕПАК НА УКРАИНА И ЕВРОПЕЈЦИТЕ – Трамп по состанокот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на НАТО, по вчерашниот самит со рускиот претседател Владимир Путин, јавуваат светските агенции.

Според соопштението на Белата куќа, разговорот со Зеленски бил „долг“, а потоа следел и разговор со лидерите на НАТО. Сепак, не се објавени детали за темите и содржината на разговорите.

Средбата меѓу Трамп и Путин се одржа во Алјаска, без заедничка изјава и без конкретни резултати за можен прекин на огнот во Украина. Иако Трамп истакна дека се постигнати „важни договори“, не откри никакви детали. И рускиот претседател изјави дека постојат можни почетни точки за решение на конфликтот, но и тој остана без конкретизации.

По самитот, Трамп се врати во Вашингтон и изјави:

„Сакам да се консултирам со Европејците и со Зеленски. На крајот на краиштата, одлуката е нивна.“

Европските лидери бараат заеднички пристап

Во пресрет на самитот, европските челници повикаа на усогласена стратегија кон Русија. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави на заедничка прес-конференција со Зеленски дека:

„Во Алјаска мора да бидат заштитени фундаменталните европски и украински безбедносни интереси.“

На средбата преку видеолинк, покрај Трамп, Зеленски и Мерц, присуствуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони, потсетува DPA.

CATEGORIES
Share This