ОДЕСА ПОД ОГАН – Русија напаѓа пристаниште и транспортна инфраструктура

Нападот е дел од поширока кампања против енергетската и комуналната инфраструктура на Украина

ОДЕСА ПОД ОГАН – Русија напаѓа пристаниште и транспортна инфраструктура
Фото: Принтскрин

Во ноќта на 19 декември, Русија изврши ракетен напад врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, при што загинаа најмалку осум лица, а 27 беа повредени, соопшти Државната служба за вонредни ситуации. Некои од жртвите биле во автобус кој се нашол во епицентарот на ударот.

Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, објави дека нападот предизвикал пожар меѓу товарните камиони на паркингот во пристаништето, а масовниот напад бил извршен со руски балистички ракети. Освен инфраструктурата, оштетени биле и возила во близина, но сите пожари оттогаш се изгаснати. Ударот се случил околу 21:00 часот по локално време, веднаш по предупредувањето за закана од руски ракети.

Пристаништето во Одеса редовно е цел на руски напади, а неодамнешните бури предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Ноќта пред нападот, руските беспилотни летала го таргетираа транспортниот систем во регионот и мостот на автопатот М15 Одеса-Рени беше оштетен, по што Молдавија ја затвори границата.

„Непријателот продолжува континуирано да го бомбардира нашиот регион, но ние правиме сè за да ја осигуриме безбедноста на луѓето и да обезбедиме функционирање на транспортот и логистиката“, рече Кипер.

Според него, нападот на 13 декември бил еден од најголемите ноќни напади од почетокот на целосната руска агресија. Русија систематски ги таргетира цивилната енергетска и комунална инфраструктура низ цела Украина како дел од пошироката кампања.

CATEGORIES
Share This