ОД СИЛИКОНСКА ДО СТАРБЕЈС Маск гради технолошка империја во ТексасТАРБЕЈС
Локалното население во Бастроп има мешани чувства - дел се надеваат на нови работни места, додека други стравуваат од урбанизација и раст на цените на недвижностите.

Илон Маск започна со изградба на нов корпоративен кампус во руралниот дел на Бастроп, Тексас, со амбиција да го претвори регионот во нова Силиконска долина. Кампусот ќе ги вклучува седиштата на неговите компании „Х“, „Боринг“ и „Спејс Икс“, а вработените планираат да изградат и мал град наречен Starbase.
Како клучни причини за изборот на локацијата се наведуваат евтиното земјиште, достапната работна сила и законодавството кое го поттикнува развојот. Дополнителен фактор е и политичката ориентација на Тексас, кој важи за силно упориште на републиканците.
Локалното население во Бастроп има мешани чувства – дел се надеваат на нови работни места, додека други стравуваат од урбанизација и раст на цените на недвижностите.
Маск минатата година објави заминување од Калифорнија, по несогласување со новиот закон за родовиот идентитет кај учениците, наведувајќи дека Тексас нуди послободна регулатива.

