ОД КОМУНИСТИЧКА СЛОВЕНИЈА ДО ВАТИКАН Верата на Меланија Трамп
Средбата со папата Франциск во Ватикан откри дека Меланија е припадничка на католичката вера.

Католичкиот Божиќ се слави денес, а претседателот и првата дама на САД го најавија празникот со заедничка фотографија на Инстаграм. Додека за религијата на Доналд Трамп е познато дека потекнува од презвитеријанско семејство, со текот на годините станал неденоминациски христијанин, за Меланија Трамп деталите беа помалку познати.
Меланија пораснала во Словенија за време на комунистичкиот режим. Во своите мемоари „Меланија“ нагласува дека членството на нејзиниот татко во Комунистичката партија било задолжително и дека тоа не ја одразувало неговата лична политичка определба. Таа се сеќава на своето детство како среќно и исполнето, со можност да патува и да истражува различни култури, и дека семејството ја цени амбицијата, решителноста и работната етика.
Иако имаше шпекулации дека Меланија можеби не е религиозна, средбата со папата Франциск во Ватикан во 2017 година донесе јасен одговор. Таа се појави во целосно црна облека со превез, следејќи го строгото црковно облекување за такви состаноци. За време на посетата, таа го замоли папата да ги благослови нејзините бројаници, што укажува на нејзиното католичко потекло.
Потврда за нејзината католичка вера дојде и од поранешни колешки, а Меланија го следеше и протоколот при присуството на погребот на папата Франциск во април оваа година. Верата ѝ донесе утеха и по смртта на нејзината мајка, Амалија Кневс, во 2022 година.
Од сето ова може да се заклучи дека Меланија Трамп е католичка, иако пораснала во комунистичка Словенија и нејзиното семејство формално било дел од Комунистичката партија. Средбата со папата и благословот на бројаниците го потврдуваат нејзиниот религиозен идентитет.


