ОД 1 ДО 3 МАЈ ВО ЧЕСТ НА ДАМЕ ГРУЕВ Смилевски конгрес со богата културна програма
„Смилевски конгрес 2025“ ќе понуди уникатно искуство со богата програма која ги спојува традицијата, уметноста и современите музички правци.

Манифестацијата „Смилевски конгрес 2025“ која се одржува во с. Смилево, започнува денес, 1 мај, со положување венец на гробот на Даме Груев во 18 часот и трибина во 19 часот на тема за значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес. Програмата продолжува со музичко изненадување.
Главните настани започнуваат утре, 2 мај, со Поворката на Мајовци и отворање на фестивалот. Во 20 часот ќе се одржи мултимедијална инсталација во Куќата на Даме Груев, а вечерта ќе продолжи со концерт на Зарина Првасевда и DJ Sokin, диџеј од Лерин, кој ќе создаде уникатно звучно искуство.
На 3 мај, програмата продолжува со концерт на Дејан Марковски и хорот Bitvox од Битола. Вечерта ќе ја заврши групата „Фолтин“, а манифестацијата ќе се затвори со настап на диџеј Constantine.
„Смилевски конгрес 2025“ ќе понуди уникатно искуство со богата програма која ги спојува традицијата, уметноста и современите музички правци.


