Образовен криминал од 62 милиони евра со амин на министерката Јаневска – Втор дел
Треба да се напомене дека приматели на овие стипендии се деца на функционери. И кога ќе се согледа дека за прв, втор и трет циклус, согласно добиените податоци од вкупно 398 стипендисти по 40 000 долари се:398 X 40 000 долари, и ако се пресметаат овие милиони долари, сумата не е мала.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Сабота, 31 јануари 2026 година
Дали овие 62 милиони долари, би било покорисно и би имало поголем ефект, да се вложувале во науката и истражувањето во Македонија? Има и други прашања за одговор. И тоа: Новата Влада да направи целосна ревизија во МОН, за досегашната работа на МОН, во доделувањето на стипендии од прв, втор и третциклус на студии во странство!!!. Веднаш да се стопира новиот Конкурс за доделување на стипендии за академските студии од прв циклус во странство за академската 2024/2025 година? Има индиции и сомнеж за криминал и корупција, од извршени констатции и анализи. Мора да има одговорност!!!.
Колку се вложува во науката и истражувањето
За науката има најмал буџет во последнава деценија, а предходниот министер Јетон Шаќири, секаде на јавни настапи се фалеше во вложувања во научните истражувања.
Па да се потсетиме дека Буџетот за наука предвиден за 2023 година, со предлог буџетот кој го изгласа Владата, изнесува само 268 милиони денари и е најнизок во последниве десет (10) години. Дополнителни, иако државниот Буџет секоја година се зголемува, за 2023 година, за наука биле предвидени дури 42%(отсто) помалку пари во споредба од 2014 година, а следната се предлагаат дури 66%( отсто) помалку во споредба со 2014 година.
Факти
Буџетот за наука (2023г) изгледа вака: во 2014 – 0,45%, 2015-0,40%, 2016-0,26%, 2017- 0,24%, 2018-0,15%, 2019-0,14%,2020-0,12%, 2021-0,16%, 2022- 0,15%, 2023-0,08% (Извор: Буџет на Република Македонија).
И,И,И??? Ништо не е за изненадување што нашите македонски универзитети доживуваат бродоломи во високото образование и наука.
Образованието е столбот на државата. Какво ни е образованието таква ни е државата.
Што рекол: Бенџамин Френклин: „ Инвестицијата во знаењето дава најдобри камати“ или Нелсон Мандела: „ Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот“
Да са изврши ревизија и сопре образовниот криминал и корупција, во делот на доделените стипендии и колку е постапено согласно потпишаните Договори !!
Кои се моите констатации од барањето по слободен пристап до информации
Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, побарав специјално од МОН (за ова мое пишување на 26.06.2024 година), да добијам податоци:
- Колку македонски студенти добиваа државна стипендија за прв, втор и трет циклус на студии, кои студирале на првите 100 универзитети од Шангајската листа, за период од 2012 до 2023 година;
- Список на приматели со име и презиме;
- Колку студенти постапиле согласно Договорот, а колку не;
- Колку меници се активирани за повраток на парични средства;
По прифатеното барање од страна на МОН и по доставеното Решение бр.03-5929/2 од 23.07.2024 година, во самото образложение Министерството за образование и наука ме известуваат дека …„ Министерството нема активирани меници за повраток на парични средства“…потпишано од Министерката Весна Јаневска. А, за ова нешто, подолу во моето пишување.
Прв циклус студии на стипендисти во странство на факултетите од Шангајската листа
Од добиениот список на приматели на прв циклус студии во странство од Шангајската листа е од периодот од академската 2013/2014 – 2023/2024 година, со име и презиме и тоа се 213 лица.
- Завршени / вработени 93лица
- Завршени/невработени 21лице
- Завршени/нема податоци 11лица
- Во тек на студии од 2020/2021 – 2023/2024 студиска година, се 87лица
- Прекинати студии (здравствени причини) 1лице
Од направените согледувања на приматели на прв циклус на студии во странство од Шангајската листа, карактеристично е тоа што Министерството за образование и наука (МОН), нема евиденција на завршените студенти/вработени (93) лица, каде се вработени, во кои компании или институции во Македонија или се во странство.
Иста е состојбата и со завршените/невработени (21) лица, нема евиденција, дали се во Македонија или во странство или Дали се евидентирани во Агенцијата за вработување во Република Македонија (АВРМ) и она што е ПАРАДОКСАЛНО, завршени студенти/нема податоци за (11) лица. Каде се лицата? Како добивале стипендии од МОН, кога завршиле студентите, а МОН нема податоци за нив.
Ова мора да е загрижувачко за МОН. Каде одат финансиите на стипендистите, да се нема податоци? Ова е загрижувачко не само за МОН туку сите релевантни надлежи институции во Македонија, каде и како се трошат државните финансии за стипендии, а сумата не е мала што ги издвојуваат македонските граѓани. Зошто одговорните на МОН не вршеле мониторинг? Дали има образовен криминал и корупција? Сомнежите го покажуваат тоа!
Втор циклус студии на стипендисти во странство на факултетите од Шангајската листа
Од добиениот список на приматели на втор циклус студии во странство од Шангајската листа е од периодот акдемската 2010/2011 – 2022/2023 година, со име и презиме и тоа се 178 лица.
- Завршени / вработени 94лица
- Завршени/невработени 73лице
- Завршени/нема податоци 6лица
- во тек се 4 лица има податоци
- Прекинати студии/ вработен 1лице (не се знае причината?)
Она што е карактеристично како и за првиот, така и за вториот циклус на студии Министерството за образование и наука (МОН), нема и не се води евиденција на завршените студенти/вработени (94) лица, каде се наоѓаат, каде се вработени, во кои компании или институции во Македонија или се во странство.
Иста е состојбата и со завршените/невработени (73) лица, нема евиденција, дали се во Македонија или во странство. И во вториот циклус на стипендисти кои студираат во странство, а добиваат стипендии од Македонија, кои завршиле/нема податоци за (6) лица. Каде се лицата? Одговорните од МОН креваат раменици и гестикулираат. Незнаат!.
Како да знаат кога не се води евиденција и немаат контакти со примателите на стипендии кои ги издвојуваат македонските граѓани финансиските средства. И овде го поставувам прашањето: Зошто одговорните на МОН не вршеле мониторинг?
Трет циклус стипендисти во странство на факултетите од Шангајската листа
Од добиениот список на приматели на трет циклус студии во странство од Шангајската листа, е добиена листа од МОН, без период од која година се примателите на стипендии во странство, со име и презиме и таа бројка е само 7 лица. Дали е можно ова? МОН треба да одговори? И тоа:
- Завршени / вработени 3лица
- Завршени/невработени 4лице
- Од овие 7 лица,1лице е во тек на студии/ вработена и 1 лице е во тек на студии/ невработен
Констатацијата е следна дека МОН нема евиденција, за завршените/вработени на трет циклус студии и завршените на трет циклус студии/невработени, каде се наоѓаат и каде работаат. Дали се во Македонија или во странство? Со право се прашуваме од целокупните состојби: За чии туѓи економии или јавни администрации Република Македонија развива со помош на сопствениот скромен буџет?
На барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер на моето барање –Колку студенти постапиле согласно Договорот, а колку не?
Од МОН во нивните податоци нема конкретности па така за:
- На прв циклус стипендистиво странство на факултетите од Шангајската листа кои со име и презиме се 213 лица од акдемската 2013/2014-2023/2024 година. МОН не искажуваат и немаат евидентирано кои и колку студенти постапиле согласно Договорт, а колку не. МОН нема евиденција и нема извршено мониторинг, односно значајните пропусти во имплементацијата на стипендиите, податоците на МОН и искажаните искуства на бивши стипендисти говорат (од исказите на истражувачите) за недоволна и несодветна евиденција што се води за стипендистите, недоволен мониторинг, односно наблудување, следење, проследување во процесот на студирање, како и слаби напори да се обезбедат соодветни работни места, што одговараат на квалификациите стекнати од студентите.
- Иста е состојбата и за втор циклус стипендистиво странство на факултетите од Шангајската листа, кои со име и презиме се 178 лица од периодот академска 2010/2011-2022-2023 година. Од МОН е побарано, да се достават податоци кои студенти постапиле согласно Договорот, а колку не. На моето прашање: Зошто на листата на стипендисти за втор циклус стои во забелешка дека е „завршена обврската по договорот“ и да ни даде еден показател од Договорот, од МОН, односно од одговорните не добивме таков пример и показател.
Да се повторам, дека во МОН нема евиденција и нема мониторинг, односно наблудување, следење, проследување во процесот на студирање, како и слаби напори да се обезбедат соодветни работни места, што одговараат на квалификациите стекнати од студентите
- А, за стипендисти во странство на факултетите од Шангајската листа на трет циклус студии, по мене добиената табела со реден број 7 со име и презиме, статус, вработен, без да се знае за која академска година станува збор е доволен податок за несериозноста на вработените на МОН, во однос кои се задолжени да работат на доделувањето на стипендии на студенти од Македонија во странство од Шангајската листа на студии. Треба да се напомене дека приматели на овие стипендии се деца на функционери. И кога ќе се согледа дека за прв, втор и трет циклус, согласно добиените податоци од вкупно 398 стипендисти по 40 000 долари се:398 X 40 000 долари, и ако се пресметаат овие милиони долари, сумата не е мала.
Оставам да пресметаат во МОН. И им го поставувам прашањето: Дали овие пари се фрлени во воздух? Дали овие милиони долари, би било покорисно и би имало поголем ефект, да се вложувале во науката и истражувањето во Македонија?
(продолжува)

