ОБРАДОВИЌ ГО НАПУШТИ ПАРТИЗАН Клубот во потрага за нов тренер
Трофејниот стратег ја испразни канцеларијата во Белградска Арена

Фото: Принтскрин
Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Партизан, соопшти управата на клубот. Иако му беше понудена максимална слобода да продолжи со работа, Обрадовиќ решил да се повлече.
Според српските медиуми, денеска тој ја испразнил својата канцеларија во Белградска Арена, а дел од причината за заминувањето се наведува и како здравствена.
Сепак, трофејниот тренер во текот на целото време имаше силна поддршка од навивачите на Партизан.
Клубот најави дека следната недела ќе одржи состанок за избор на нов спортски директор по заминувањето на Зоран Савиќ, како и за избор на нов тренер.
CATEGORIES Кошарка

