ОБЛАЦИ И ВЕТАР ОД ЈУГОИСТОК – Вечерва локални врнежи од дожд
Променливо облачно со засилен југоисточен ветер, дожд попладне и во текот на ноќта

Фото: Национал
Времето денеска (04.02.) ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец и температура во интервал од 0 до 11 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
CATEGORIES Македонија

