ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ – На планините снег
Претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјата – снег.

Фото: Национал
Низ земјата деенска (08.02) преовладува променливо облачно време, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој е поизразен во источните делови од земјата.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Дува слаб ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија


