ОБЛАЧНО СО СОНЦЕ ПРЕКУ ДЕН – Врнежи кон крајот на денот
Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер.

Фото: Национал
Денеска (16.02.) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ин температура во интервал од 0 до 13 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
T=11°C. P=970hPa. U=60%. V=2m/s
CATEGORIES Македонија


