ОБЛАЧНО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА – Дожд и снег на планините
Температурите денеска ќе се движат од 2 до 6 степени, на планините ќе врне снег

Фото: Национал
Времето денеска (24.12.) ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег и температура во интервал од 2 до 6 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


