ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО – Снег на планините

Метеоролозите најавуваат нестабилно време и висока влажност на воздухот

ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО – Снег на планините
Фото: Национал

Времето денеска (о1.02.) провејува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со температура во интервал од -1 до + 7 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде локално ќе наврнат над 20 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите постепено ќе преминуваат во снег во повисоките, како и во одредени пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе изнесува околу 7°C, атмосферскиот притисок 972 hPa, релативната влажност 95%, а брзината на ветерот околу 2 m/s.

CATEGORIES
Share This