ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ЛЕКОВИ – Уапсен косовски државјанин на граничниот премин „Богородица“

Запленетите лекови – аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори – биле во стаклени вијали и во рефузна состојба, без оригинални пакувања, сертификати или дозволи од надлежни институции.

ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ЛЕКОВИ – Уапсен косовски државјанин на граничниот премин „Богородица“

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило управувано од косовски државјанин.

Запленетите лекови – аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори – биле во стаклени вијали и во рефузна состојба, без оригинални пакувања, сертификати или дозволи од надлежни институции. Сторителот се обидел да ја избегне контролата така што ги наредил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии.

„Со ваквиот начин на транспорт и без соодветни дозволи се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи ваквите лекови може да претставуваат сериозен ризик по здравјето,“ соопштија од Царинската управа.

По брзата реакција на инспекторите, лековите се одземени, а до Основното јавно обвинителство во Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Царината најави засилени контроли на сите гранични премини со цел спречување на шверц на лекови и дополнителна заштита на јавното здравје.

CATEGORIES
Share This