ОБЈАВЕН ПЛАСМАНОТ ОД 5 ДО 48 МЕСТО НА МУНДИЈАЛОТ Еве кој каде заврши

Познати се четирите полуфиналисти, а сите останати репрезентации веќе го дознаа својот конечен ранг на најголемата фудбалска сцена.

ОБЈАВЕН ПЛАСМАНОТ ОД 5 ДО 48 МЕСТО НА МУНДИЈАЛОТ Еве кој каде заврши
Фото: Принтскрин

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во завршната фаза. По завршувањето на четвртфиналните дуели, познати се полуфиналните пресметки: Франција ќе игра против Шпанија, додека во второто полуфинале ќе се соочат Аргентина и Англија.

Во меѓувреме, познат е и конечниот пласман на репрезентациите кои го завршија својот настап на турнирот, од петтото до 48-мото место.

Од петтата до осмата позиција се пласираа селекциите кои беа елиминирани во четвртфиналето – Норвешка, Белгија, Мароко и Швајцарија. Местата од деветто до 16-то место им припаднаа на Мексико, Колумбија, Бразил, САД, Португалија, Канада, Египет и Парагвај.

Од 17-тата до 32-та позиција пласманот го сочинуваат Холандија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Јапонија, Австралија, ДР Конго, Гана, Еквадор, Јужна Африка, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Алжир, Сенегал и Зелен ’рт.

На позициите од 33-то до 48-мо место се најдоа репрезентациите кои не успеаја да ја минат групната фаза. Конечниот редослед е: Иран, Јужна Кореја, Турција, Шкотска, Уругвај, Саудиска Арабија, Чешка, Нов Зеланд, Катар, Курасао, Панама, Јордан, Хаити, Узбекистан, Тунис и Ирак.

На Мундијалот остануваат уште само четири селекции. Франција, Шпанија, Аргентина и Англија продолжуваат во борбата за најголемиот трофеј во светскиот фудбал.

CATEGORIES
Share This