ОБЈАВЕН ИЗБОРОТ ЗА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ЗА 2025, пет книги во потесниот круг

Наградата „Браќа Миладиновци“, покрај паричниот износ, вклучува и објавување на наградената книга во превод на еден странски јазик, како и меѓународна промоција преку посебен портрет на добитникот, традиција која започна во 2012 година.

ОБЈАВЕН ИЗБОРОТ ЗА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ЗА 2025, пет книги во потесниот круг

Жири-комисијата на Струшките вечери на поезијата (СВП) на 18 јули 2025 година го усвои потесниот избор за престижната награда „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија.

По разгледување на 37 книги од исто толку автори, едногласно беа селектирани пет финалисти, чии дела се издвојуваат по литературниот квалитет, оригиналност и поетска зрелост. Потесниот избор (по азбучен ред според презимето на авторот) го сочинуваат:

  • „Рубедо“ – Андреј Ал-Асади (ПНВ Публикации, 2025)
  • „Рајсфершулс“ – Јулијана Величковска (ПНВ Публикации, 2024)
  • „Маслина и младост“ – Гордана Михаилова-Бошнакоска (Макавеј, 2025)
  • „На ти со Ерос и Танатос“ – Виолета Танчева-Златева (ТРИ, 2025)
  • „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ – Бранко Цветкоски (Макавеј, 2025)

Јавното читање на финалистите ќе се одржи на 22 август, додека името на добитникот ќе биде соопштено на 23 август, во рамки на програмата на СВП.

Наградата „Браќа Миладиновци“, покрај паричниот износ, вклучува и објавување на наградената книга во превод на еден странски јазик, како и меѓународна промоција преку посебен портрет на добитникот, традиција која започна во 2012 година.

Останува да се види која од овие пет истакнати поетски книги ќе го понесе ова значајно признание во македонската литература.

CATEGORIES
Share This