НУЦК АНТОН ПАНОВ ЈА ИЗВЕДУВА КРОТКА – Драма за вина и совест
Монодрамата според новелата на Фјодор Михајлович Достоевски ќе се изведе на 14 март во 20 часот во Театар Штип.

Фото: Принтскрин
На 14 март 2026 година (сабота) со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип, НУЦК „Антон Панов“, Народниот театар Струмица ќе ја изведе моќната психолошка монодрама „Кротка“, инспирирана од новелата на Фјодор Михајлович Достоевски.
Претставата го следи внатрешниот конфликт на човек кој се обидува да ја разбере трагедијата што ја зафати неговата сопруга, која извршила самоубиство. Преку интензивен актерски монолог, драмата навлегува во најдлабоките слоеви на човечката душа, отворајќи прашања за вината, совеста и личната одговорност.
Во улогата настапува Стојан Велков – Трн, а режијата и драматизацијата се потпишани од Дејан Ангелов.
CATEGORIES Култура


